Во пијана состојба испукал 100 куршуми со пиштол кој го поседувал без одобрение

by Fokus

Триесет и двегодишен тетовчанец вчера испукал 100 куршуми во неодреден правец од пиштол кој го поседувал без одобрение, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера околу 20,00 часот во село Сараќино-Тетово, П.П. (1985) во дворот на семејната куќа на неговиот татко Р.Ш., во алкохолизирана состојба, а по негово кажување и од лични причини односно револтираност и депресивност испукал околу 100 куршуми во неодреден правец од пиштол марка „Црвена застава„ Крагуевац калибар 9мм долга деветка, кој го поседувал без одобрение.

Увид на лице место е извршен од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи -Тетово, при што во тревникот од дворот и кај просторот на влезот од приземјето на повеќе локации пронајдени се 50 чаури калибар 9 мм долга деветка пиштолска муниција, додека во дневната соба од приземјето, пронајден е еден куршум кал.9 мм долга деветка, како и пиштол кој по посочување на осомничениот е пронајден во внатрешноста од сунѓераст наслон на двосед од гарнитура. Од рацете на осомничениот обезбедени се фолии за барутен тест, како и комплет од крв и урина, истиот е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР-Тетово за расчистување на случајот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости