Додека истоварил роба од камион, му се слошило и починал

by Fokus

Пеесетгодишниот Џ.П., турски државјанин починал откако ја истоварил робата во дворот на фирмата, каде што пристигнал со камион, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера околу 15,00 часот во Скопје, на ул.„32“бб- во населбата Илинден, поточно во фирма лоцирана на истата улица  дошол турскиот државјанин Џ.П. (1960)  од Република Турција со товарно возило „МАН“ со турски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Република Турција, и откако ја истоварил робата на улицата, му се слошило и паднал во дворот од фирмата, при што починал.

Од страна на лекар од Итна медицинкса помош, констатирана е смрт без траги на  насилство. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот со погребално возило е однесено во судска медицина за понатамошна постапка.

Од страна на увидна екипа  возилото е дислоцирано и запечатено до доаѓање на претставник од фирмата од Република Турција во чија сопственост е камионот за преземање на истиот.

Поврзани новости