МВР: Маж се обидел да силува кандидатка за советничка на политичка партија

by Fokus

Маж вчера во штаб на политичка партија се обидел да силува кандидатка за советничка, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 20,40 часот К.П. од с. Требеништа пријавила дека во просториите на штаб на политичка партија во с.Требеништа-општина Дебарца, лицето Ф.П. М. се обидело да изврши полов напад врз неа.

Според пријавата, К.П. отишла во штабот бидејќи како член на листата за советници требало да дежура и пред објектот се сретнала со Ф.П.М. со кого заедно влегле во објектот. По околу еден час, Ф.П.М. ја фатил жената за половината и почнал да ја турка, а таа повикувала помош. Според пријавата, Ф.П.М. ја соборил К.П. на земја, почнал да ја допира по телото и да ја љуби по лицето, а се обидел и да ја соблече. Во еден момент Ф.П.М. застанал и почнал да ѝ се извинува на жената и барал да му прости, по што ја отклучил вратата и двајцата си заминале.

Поврзани новости