463
Во текот на вчерашниот ден во Охрид бил запленет глисер кој е во сопственост на осомничениот во „Рекет“, Зоран Милески (Зоки Кичеец), потврдија за Фокус извори од истрагата.
Иако во јавноста се шпекулираше дека освен глисерот, биле запленети и други предмети, како џипови, мотори и скутери на вода, доброупатени извори за Фокус потврдија дека запленет е само глисер.
Инаку, Зоран Милески е второосомничен во истрагата „Рекет“, каде заедно во Бојан Јовановски се осомничени за изнуда.