Во Охрид отворен Конзулат на Србија

by Fokus

Продолжување на билатералните, пријателски и добрососедски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија значи денешното отворање на српскиот Конзулат во Охрид, каде за почесен конзул е избран охриѓанецот Михајло Филев.

На свеченоста присуствуваа министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ, вицепремирката Славица Грковска, министрите за правда Никола Тупанчевски и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков и други гости.

Билатерланите односи меѓу двете земји, според шефот на српската дипломатија, се добри во многу сегменти, втемелени на заедничка историја и блиските врски на двата народи, но и заедичката определеност за иднина.

– Соработката со соседните земји во чувањето на мирот и стабилноста на регионот, тежнеењето на полноправно членство кон ЕУ, се приоритети на надворешната политика на Република Србија и овие наши приоритети веројатно секој би помислил дека се приоритети, што и така е, и на Република Северна Македонија, рече Селаковиќ.

Заедничката желба за соработка и зајакнување на мостовите кои не поврзуваат, забележа дека се гледа и низ историската иницијатива на „Отворен Балкан“ каде три држави направија сериозен исчекор во насока на економака соработка и подобрување на квалитетот на живот на сите свои граѓани.

Тој изрази уверување дека отворањето на Конузлтот во Охрид, кој ги покрива териториите на општините Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, ќе овозможи унапредување на соработката на Република Србија со Република Северна Македонија.

Министерката за култура Костадиновска Стојчевска подвлече дека отворањето на Конзулатот е уште една потврда и силен поттик за унапредувањето и продлабочувањето на билатералната соработка меѓу нашите две блиски и пријателски земји во сите области од взаемен интерес, посебно на планот на економско-трговската соработка, културата и посебно во делот на туризмот.

Во името на Локалната самоуправа присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, кој посочи дека македонскиот и српскиот народ имаат вековна поврзаност, која е втемелена на заедничка историја и отсекогаш биле пример за взаемна доверба и добрососедство.

Република Србија во јуни донесе одлука за отворање на Конзулат во Охрид, а за почесен конзул поставен е Михајло Филев. Конзулатот ќе ги опфаќа со работа општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа.

Поврзани новости