ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ избрка од работа 60 луѓе од Карпош и Делчево

by Фокус

Наместо живот за сите како што лажеше СДСМ, веќе над 60 луѓе од Карпош и Делчево добија отказ од работа, обвинија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Во општина Делчево се отпуштени 12 негувателки и воспитувачки во детската градинка „Весели Цветови“. Овие 12 лица настрадаа само затоа што не беа членови на СДС, иако се квалификувани и долгогодишни професионалци кои се грижеле за стотици деца досега. Реваншизам и отпуштање од работа на луѓе кои не се СДС, партијата спроведе и во Карпош, Стефан Богоев без основни средства за егзистенција уште во првата недела од своето владеење остави без основни средства 50 луѓе, кои ги избрка од работа. Сето ова е резултат на штетната и осветничка политика на СДС, кои сакајќи да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ, им штетат на професионалци“, велат од ДПМНЕ.

Поврзани новости