Можам, но навистина мислам дека нема потреба да се објаснуваме која е оваа Власт на чело со Никола Груевски. Нема да ве убедувам и разубедувам повеќе околку тоа. Сите вие на еден или друг начин сте осетиле, сте виделе и сте слушнале што све направиле и како тоа го правеле врз вашиот грб и грбот на вашите роднини, пријатели и познаници. Сето тоа нема сега да го набројувам затоа што лузните ќе немаат крај.
Искрено и наивно верувам во вашата свесност и логика, верувам и се надевам дека во вас ќе се разбуди и разгори желбата за подобра иднина за себе и вашите деца. Тие деца, моите, твоите и туѓите заслужуваат и мора да добијат повеќе. Тие деца утре треба да знаат дека нивните родители, баби и дедовци, браќа и сестри, братучеди и останати роднини и пријатели биле на вистинската страна, на страната за правда и живот токму дома, во Македонија. Треба да знаат и да бидат горди дека за тоа сме се бореле и сме победиле. Тоа е најмалку што им го должиме на нашите деца!
Македонија навистина може да биде убаво место за живеење, Македонија може да биде тоа што го сакаме и го сонуваме и сега конечно дојде време да се избориме за тоа.
Затоа, во недела јас како граѓанин на Македонија ќе го искористам моето најмоќно оружје и ќе го зададам најсилниот удар против ЗМЕЈОТ! Во недела ќе гласам ПРОТИВ оваа власт и ќе гласам ЗА живот во Македонија!