Активисти на партијата на Амди Бајрам фатени на дело како поткупуваат гласачи

by fokus

Активисти на партијата на Амди Бајрам во Кавадарци се фатени на дело како поткупуваат Роми со 1000 денари за да гласаат за ВМРО ДПМНЕ во недела, јави невладината ЦИВИЛ.

Поткупувачите се заклучиле, а полицијата чека судски налог за да влезе внатре.

-Во центарот на Кавадарци, полицијата го блокира изборниот штаб на Сојузот на Ромите на Амди Бајрам и Демократска партија на Ромите, под сомнение дека неколку лица внатре во просториите вршеле поткуп на ромското население. Наводно им се делеле по 1000 денари на лица од ромска националност. Откако биле откриени, поткупувачите се заклучиле во штабот. Во моментов се очекува и судски налог за влегување – известува ЦИВИЛ.

За изборен поткуп денеска беше обвинет и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, откако Ром пријавил в полиција дека во неговиот кабинет му нуделе 1 000 денари за да гласа за владејачката партија.

Поврзани новости