Откако започна генералниот штрајк на СОНК, министерството за образование во повеќето училишта ангажира заменски наставници, кои ќе го пополнат празното место на своите колеги. Меѓутоа, во некои градови нема доволно заменски наставници. Како што објави порталот „Куманово њуз“, околу 300 заменски наставници се бараат во Липково.
Таму штрајкуваат сите училишта, освен гимназијата „Исмет Јашари“.
– Доставен е список до градоначалникот за да даде согласност за заменски наставници. Додека трае штрајкот наставниците одат на работа и седат во своите канцеларии – вели Џевдет Рахмани од општина Липково за порталот.
Веќе неколку дена се штрајкува во скоро сите училишта во Липково. Наставниците бараат зголемување на платите за 25 отсто и укинување на екстерното тестирање во делот со казните.