Неделков: Штрајкувачите нема да одржат екстерно тестирање, штрајкбрехерите се подготвуваат во Центарот за лаги и манипулации

by Фокус

И, покрај огромните притисоци и закани, штрајкот на просветните работници пропдолжува се додека не се исполнат нашите барања, а во понеделник наставниците кои штрајкуваат нема да го спроведат предвиденото екстерно тестирање за учениците од четврта година, истакна синдикалниот лидер на СОНК, Јаким Неделков.

Според него, провладините медиуми водат кампања против генералниот штрајк на СОНК и нивното известување е непрофесионално, некоректно и полно со гнасотии.

– Се води невидена кампања за да се прикаже дека се штрајкува само во Куманово и Струмица, што не е точно. Знам дека и од денешната прес-конфернеција нема да излезе се, зашто информациите се подготвуваат во еден Центар за комуникации, пардон центар за шпекулации, лаги и невистини.Замислете, група читачи на подготвен текст бараат одговорност од претседателот на СОНК и членството. Тие читачи треба статутот да го прочитаат за да видат дека СОНК не е на претседателот, туку на членството. Штрајкот нема да престане додека членството не го побара тоа – истакна Неделков.

Поврзани новости