ВМРО-НП: Сите за загрижени поради загадениот воздух, освен Владата!

by Фокус

ВМРО-Народна партија изрази загриженост од секојдневните информации за степенот на загаденост на воздухот, пред се во Скопје, Тетово и Битола.

„Од оваа состојба која предизвикува тешки пореметувања по здравјето на граѓаните, дури и со фатални последици по некои од нив, сите се крајно загрижени, освен оние кои имаат обврска да не заштитат од оваа елементарна непогода. Иако оваа драматична состојба со загадувањето на воздухот трае подолго време и е ударна вест на сите светски агенции, надлежните институции, а пред се министерството за здравство, упорно молчи“, соопштија од НП.

Од таму бараат од министерот за здравство Никола Тодоров да се изјасни дали се чувствува одговорен за неговата основна функција која, според партијата, подразбира грижа за здравјето на граѓаните?

Поврзани новости