Во Лепенец се трага и по малолетник, уапсен возачот кој ја предизвика сообраќајката

by Фокус

За вчерашната сообраќајна несреќа на патот кон Блаце, по која патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П.(60) од Косово, паднало во реката Лепенец, уапсен е возачот на другото возило што учествувало и ја предизвикало несреќата – Б.Б.(64) од Скопје.

Во возилото „бмв“, според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16 годишен малолетник.

По несреќата сопатникот Ш.П. е изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а по останатите три лица се трага од страна на екипи од Одделот за специјални полициски операции.

Уште се трага по трите лица кои со возило излетаа во Лепенец

Поврзани новости