Косовец фатен во Кондово со пиштол, зоља и бомби

by Фокус

По претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд, полицијата изврши претреси во дом кај Г.Б. (37), државјанин на Косово со живеалиште во Кондово, и кај неговата партнерка А.Ѓ. (34) во Скопје.

Како што информира МВР, при претресот кај Г.Б. била затекната и А.Ѓ., а пронајдени се три рачни бомби, еден рачен ракетен фрлач -зоља, еден пиштол, еден дел од пиштол, четири рамки од автоматска пушка, 164 куршуми различен калибар и шест ловни патрони.

Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив, во консултација со јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Поврзани новости