Во контејнери со јужно овошје шверцувале кокаин

by fokus

Во албанското пристаниште Драч, во контејнер со јужно овошје натоварен во Еквадор, откриени и запленети се 6,5 килограми кокаин, јави дописничката на МИА од Тирана.

Од полицијата соопштуваат дека била извршена детална контрола во 10 контејнери на компанијата „Алба егзотично овошје“(Alba Exotic Fruit) каде, како резултат на деталната контрола, во еден од контејнерите биле пронајдена и запленета дрогата, пакувана во неколку пакетчиња.

Во контејнер со банани за истата компанија на 13. месецов беа откриени над 11,6 килограми
кокаин. Тогаш беше уапсен менаџерот на компанијата Бајрам Гумени, додека по сопственикот Едуарт Даути се трага.

Даути, тогаш за албанските медуми изјави дека со семејството се наоѓа во Франција, дека нема никаква поврзаност со тоа  и оти веднаш ќе се врати во Тирана за да ја потврди својата
невиност.

Поврзани новости