Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата

by fokus

Народниот правобранител Насер Зибери во интервју за МИА вели дека најголем проблем е ресоцијализацијата и образовниот систем за малолетниците сместени во ВПД Тетово. Парцијалното решавање на овој проблем или народски кажано обезбеденото образование колку да се каже дека „ете децата посетуваат настава“, според него, не е решение.

– Поразителен е податокот дека речиси голем број од нив по неколку години ние како институција ги сретнуваме во затворите. Ова е голем неуспех за нас како држава од причина што домот не си ја извршува функцијата за која е основан, да влијае воспитно, но и поправно врз децата, вели Зибери.

Тој во интервјуто потсети дека пред неколу недели на презентацијата на Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам упати критика до Министерството за здравство за состојбата со здравствената заштита во затворите, и веќе за неколку часа имаше реакција од министерот, кој појасни каде е проблемот и дека планира од септември сериозно да се зафати со негово решавање.

– Овој потег е за поздравување и добар пример што треба да го следат и останатите носители на јавни функции. Ние како институција секако и понатаму будно ќе следиме дали навистина ќе има подобрувања во оваа сфера, истакна народниот правобранител во интервјуто за МИА.

Поврзани новости