474
Новото зголемување на бројот на заразени со корона вирусот во Кина, а особено во Гуангжу, важен центар на кинеската и светската економија, ги загрижува економистите поради можното затворање.
Бројот на заразени во Кина вчера достигна 7.475, од кои една третина од случаите се во Гуангжу. За повеќето земји во светот ова не е застрашувачка бројка, но Кина ја продолжува својата политика на нулта толеранција на корона вирусот и е подготвена на радикални мерки и затворања кои го загрозуваат економскиот раст и влијаат врз светската економија.