Курти: Не е вистина дека не знаеме по кој пат се движиме

by Fokus

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата влада ја зголемила координацијата со меѓународните сојузници поради ситуацијата создадена на северот од земјата по излегувањето на Србите од косовските институциијави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната средба со лидерите на опозициските партии, Курти изјави дека во врска со состојбата има поинтензивна комуникација со амбасадите на таканаречената „Квинта“, односно петте највлијателни западни држави кои имаат дипломатски претставништва во Косово – САД, Велика Британија, Германија, Италија и Франција, како и со НАТО, со Вашингтон и со мисиите на КФОР и ЕУЛЕКС.

Тој порача дека оние што ги критикуваат владините дејствија „можат да прават што сакаат во рамки на законите“ и нагласи дека во оваа ситуација Косово го одбрало патот на мирот.

– Не е вистина дека не знаеме по кој пат се движиме. Нашиот пат е патот на мирот. Планот на дејствување е на нашите безбедносни органи, тие ги вршат проценките за дејствијата и реакциите кои ги преземаме. Сé се одвива според законот, процедурите и правилата, за почитување на суверенитетот, уставноста и територијалниот интегритет на државата, изјави Курти.

Поврзани новости