595
Украинското обвинителство денеска соопшти дека воениот фоторепортер Макс Левин е убиен во Киев.
Левин од 13 март се водеше како исчезнат, а вчера е пронајдено неговото безживотно тело во селото Хута-Межихриска, во близина на Киев.
Фоторепортерот во подрачјето на Киев бил со друг новинар, Алексеј Черњишов, а кого нема податоци каде се наоѓа.
Левин беше роден во Киев во 1981 година и е татко на четири деца. Работеше како фоторепортер за голем број украински и странски медиуми. Неговите фотографии ги преземаа Ројтерс, Би-Би-Си, АП и други.
Левин е петти украински новинар, по инвазијата на Русија