Во казино уапсен 37-годишник, нападнал и полицајци

by Fokus

Полициски службеници од СВР Велес утринава во 03.00 часот во Велес го лишиле од слобода Д.Д.(37) од с.Нижилово, поради тоа што околу 02.20 часот во казино почнал агресивно да се однесува, да го оштетува инвентарот, заканувајќи ѝ се на вработената и по вербална расправија физички нападнал друг посетител во казиното, како и полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани новости