Путин: 26.000 украински војници загинаа од почетокот на контраофанзивата

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска за време на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко изјави дека загубата на персоналот на Вооружените сили на Украина од почетокот на контраофанзивата веќе надминала 26.000 луѓе.

Тој рече дека руските ловци уништиле рекорден број странска воена опрема во текот на денот, цитиран од РИА Новости.

Путин изјави и дека „украинската контраофанзива пропаднала“.

Поврзани новости