Во Кавадарци уапсен српски државјанин осомничен за свирепо убиство на својот брат

by fokus

Српски државјанин осомничен за сторено кривично дело „свирепо убиство“ е пронајден и лишен од слобода на територија на општина Кавадарци, во место викано Шамаци, информираат од МВР.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, осомничениот, на 29 септември го привеле полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР по добиено барање од Интерпол Белград, а во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, СВР Куманово, ОВР Кавадарци и РЦ за ГР Север.

Приведениот српски државјанин А.Ф. (43) од Пожаревац во Република Србија е осомничен за сторено кривично дело „свирепо убиство“ на неговиот брат и е предаден на полициските служби на Република Србија за понатамошна постапка.

Поврзани новости