Град Скопје го финансирал кампот „Секс, извидници и рокенрол“ во 2019 година

by fokus

Според информациите до кои дојде „Фокус“, Град Скопје во 2019 година финансиски го поддржал кампот наречен „Секс, извидници и рокенрол“ или „Sex scouts and Rock n Roll“ организиран од Првиот скопски извиднички одред.

Овој камп стана спорен за јавноста откако „Слободен печат“ објави сведоштво од родител на девојче кое учествувало на овогодинешниот камп, според кое имало активности во кои децата си боеле интимни делови од телото и ги пресликувале на хамер, симулирарале секс пози во двор на манастир, симулирале секс со краставица и кукла на надувување.

Според годишниот извештај на граѓанското здружение Прв скопски извиднички одред за 2019 година, проектот „Секс, извидници и рокенрол“ бил финансиран од Град Скопје. Во описот за проектот за таа година стои:

„Фокус“ испрати барање до Град Скопје да ни ја достават целосната програма за овој проект која бил дел од проектната апликација и го очекуваме нивниот одговор во текот на денешниот ден.

К.С.Б.

Поврзани новости