Во Карпош автомобил удрил пешак, па настанала масовна тепачка

by fokus

Откако вчера објавивме неофицијални информации дека пред трговскиот центар Антико во Карпош настала масовна тепачка по сообраќајка, денеска од МВР излегоа со официјални информации.

До тепачката дошло откако автомобил удрил 16-годишен пешак, по што пет други лица физички се пресметале.

-На 28.06.2023 во 19.53 часот било пријавено дека на паркинг пред трговски центар на подрачјето на Карпош, по претходна расправија околу случена сообраќајна незгода во која патничко возило удрило во 16-годишен пешак, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Г.(28) и Б.Е.(27), од една страна, и Х.Ј.(21) и Р.И.(49), од друга страна сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

К.С.Б.

Поврзани новости