417
Во Кампот на слободата пред Владата денеска од 18 часот ќе продолжи собирањето помош за мигрантите кои минуваат низ Македонија.
Од 19 часот до 20.15 часот ќе се одржи дискусија на темата „Животна средина и одржлив развој – каков концепт за одржлив развој има Македонија и колку е тој во согласност со меѓународно преземените обврски?“. Дискутанти ќе бидат Андреја Стојковски, Македонски центар за европско образование; Никола Писарев, Центар за современи уметности; Александар Дојранлиев, ЗГ Патокази – Гевгелија; Пеце Мирчески, Комисија за животна средина во СДСМ и Драгана Велковска, ЕДЕН.
Од 20.30 часот диџеј – сет ќе има Сања Арсовска.