Поранешниот директор на Здравствен дом во Охрид се предаде на полицијата, одреден му е притвор од 30 дена

by Фокус

Митко Дабески, поранешниот директор на Здравствениот дом во Охрид по четири месеци бегство утрово и се предал на полицијата.

Информациите ги потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој додаде дека мДабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена.

Дабески, со уште двајца вработени, шефот на сметководство и благајникот, во медицинската установа во февруари годинава беа осомничени за криминал од околу 7,5 милиони денари.

Поврзани новости