Во Кабул убиени две судијки

by fokus

Вооружени напаѓачи денеска пукале во автомобил во северен Кабул, при што загинаа две судијки, кои работеле во повисок суд во Авганистан, а во нападот е повреден нивниот возач, соопшти претставник на судот, пренесе ДПА.

Американските медиуми потсетуваат дека е ова последен во серијата напади во авганистанската престолнина за време на мировните разговори меѓу талибанците и претставниците на авганистанската Влада, што се водат во Катар.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а портпаролот на талибанците, Забихулах Мујазид, рече дека бунтовничката група не е одговорна за двојното убиство. Авганистанската Влада во последниве месеци постојано ги обвинуваше Талибанците за намерните убиства, а бунтовничка група ја обвини владата за организирање на убиства за нарушување на мировниот процес.

Поврзани новости