Во јуни пресуда за „Монструм“

by fokus 20:35
20:35

На 30 мај и 5 јуни се закажани завршните зборови на обвинителството и обвинетите, а пресудата се очекува во деновите потоа. Додека Обвинителството е сигурно во доказите против седумината обвинети, одбраната го тврди токму спротивното.

„Македонските институции немаат доволно докази за да бидат испорачани обвинетите од страна на косовските власти. Тоа покажува дека и случајот е неиздржан“, рече денес адвокатот Насер Рауфи.

Се очекува и пресудата да биде соопштена без присуството на првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои издржуваат казна затвор во Косово. Тамошните власти досега не одговорија позитивно на барањето на македонските судски власти обвинетите да бидат испорачани, бидејќи се теретат за сериозно кривично дело, тероризам.

- Advertising -

Обвинетите Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фрејзи АзириРами СејдиХаки Азири и Сами Љута се соочуваат со казна затвор од десет години до доживотен затвор.

Според обвинението, крајната цел на обвинетите, кои се теретат за убиството на четирите момчиња, Цветанчо Ацевски, Филип Славковски, Александар Наќевски и Кире Тричковски како и рибарот, Борче Стефковски, била да се внесе страв меѓу македонското население.

 

Поврзани новости