Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Судството е независно

by Фокус

Во писмената реакција од партијата истакнуваат дека додека СДСМ била на власт им диктирала на судовите и вршела притисок врз судството.

„Во минатото, Петре Шилегов, како претседател на второстепената комисија, кога ќе донеле второстепена одлука, како на пример во случајот „Семос“, тогаш тоа било закон за судовите. На тој начин СДСМ функционирал и го контролирал судството кога тие беа на власт, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека денес судската власт во Македонија е целосно самостојна и независна.

По реакцијата на партијата нејасно е зошто воопшто ја доведуваат во прашање работата на судството, бидејќи во овој случај СДСМ обвинува за противуставно и противзаконито постапување на Собранието.

Поврзани новости