420
наредниот месец Кривичниот суд ќе пресече дали обвинението за тероризам за 27 април ќе го прифати или отфрли. Откако во судот пристигнал и последниот приговор на обвинението од страна на одбраната, судијата има рок од осум дена да закаже седница за оценување на обвинителсниот акт. Доколку обвинителниот акт за „Крвавиот четврток“ биде оценет позитивно, тогаш набрзо ќе се закаже и термин за судење.
Меѓу обвинетите 30-на лица се и пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, како и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“. Сепак обвинителството засега не утврди кој е организатор или нарачател на упадот.