501
Фантомски гласач од 2014-та година фигурира во Избирачкиот список кој како таков е регистриран во домот на семејството Бејкови и веќе 4 година се провлекува во списокот, објави Телевизија 24. Билјана Бејкова за 24 објаснува дека за тоа ја информирала и ДИК, институциите, но и организациите кои вршат мониторинг, но се уште ништо не се сменило. Дури вели почнала да и стига и сметка за радиодифузна такса на тоа име.
„Открив дека во суштина имам фантомски гласач кога беше прочистувањето на избирачкиот список, но моја претпоставка е дека тој гласач е внесен во избирачкиот список на адреса каде што јас живеам во 2014 година, за потребите на тие избори“ – изјави Билјана Бејкова.