Во последните 7 дена се регистрирани 252 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 383.
Минатата недела беа хоспитализирани 205 лица, од кои четворица се на вентилатори. Починаа 17 лица.
U posljednjih 7 dana zabilježena su 252 nova slučaja zaraze virusom SARS-CoV-2 te je broj aktivnih slučajeva u Hrvatskoj na dan 15.05.2023. ukupno 383. Na dan 15.05.2023. hospitalizirano je 205 osoba, od koje su 4 osobe na respiratoru. U proteklih 7 dana preminulo je 17 osoba.
— Koronavirus.hr (@koronavirus_hr) May 15, 2023
Во самоизолација се 147 лица. Закрепнале вкупно 1.254.895 лица, од кои 331 во последните 7 дена.
Досега се тестирани вкупно 5.594.746 лица, од кои 6.114 се тестирани во последните 7 дена.