Денес во 13 часот протест за заштита на животните пред Собрание

by Fokus

Активистите и љубителите на животни денеска во 13 часот ќе протестираат пред Собранието на РМ со цел да се привлече вниманието на надлежните институции и широката јавност за нехуманиот третман кон животните. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

Години наназад Македонија сериозно затајува на полето на хуманоста врз животните и крајно е време тоа да се смени:

1) Деновиве додека силеџии сеат страв, убиваат животни со отрови, се однесуваат како да никој не им може ништо, институциите ги игнорираат барањата за хуман и одговорен третман на животните и најстроги затворски казни за секој еден кој предизвикува јавна опасност, мачи и труе животни! Повеќе од итно е да се воспостави ЗАКОНСКА ЗАБРАНА ЗА СЛОБОДНАТА ПРОДАЖБА НА ОТРОВИТЕ, виско токсични супстанци кои за 10 минути може да убијат и човек, а кои во Македонија му се достапни на секого. Изговори повеќе не смее да има – полицијата мора да врши сериозни истраги и стави крај на дивеењето по улиците, сторителите мора да бидат фатени и ЗА СЕКОЈ КОЈ ЗЛОУПОТРЕБУВА ОТРОВИ бараме без исклучок ДА СЕ ИЗРЕКУВА КАЗНА ЗАТВОР.

2) Животните не се криви што се живи и на улица, вината за состојбата во која се наоѓаме е исклучиво во факторот човек. БАРАМЕ ХУМАН ТРЕТМАН НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ во државата и во Скопје! ГО ОХРАБРУВАМЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАД СКОПЈЕ во напорите за хумано надминување на проблемот со бездомните животни БЕЗ ИСКЛУЧОК ДА СТАВИ КРАЈ НА ДОСЕГАШНАТА ПРАКТИКА НА МАСОВНО УБИВАЊЕ која е нехумана, не го решава проблемот, а со која се трошат парите на граѓаните. ВАРДАРИШТЕ никогаш повеќе да не биде убивалиште на животни! Бараме МАСОВНА СТЕРИЛИЗАЦИЈА на бездомните животни и oд Собранието и надзорните органи конечно РЕГУЛИРАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РАМКА ЗА ОДГОВОРНО СОПСТВЕНИШТВО, СТРОГИ КАЗНИ ЗА НАПУШТАЊЕ И НЕКОНТРОЛИРАН РАСПЛОД, затоа што бездомни кучиња има и ќе има, се додека луѓето неконтролирано ги размножуваат и напуштаат!3) Минатата недела се случи несреќа кога ротфајлер изгриза повеќе лица, по што започна хајка врз бездомните животни. Посочуваме гласно – ниту едно животно не се родило агресивно, вината што некое куче е опасно не зависи од расата, туку од тоа дали ги чува одговорен, или неодговорен, агресивен човек! Бараме од МВР и АХВ НАЈСТРОГИ КАЗНИ ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ КОИ ПОТТИКНУВААТ АГРЕСИЈА КАЈ КУЧИЊАТА, СОЗДАВАЊЕ РЕГИСТАР ЗА ЛУЃЕ КОИ СЕ ИНВОЛВИРАНИ ВО БОРБИ СО ЖИВОТНИ, а никако убивање на кучињата – со нивното убивање се амнестира одговорноста на сопственикот, а се елиминира кучето, кое и самото е жртва.4) ПОЛИЦИЈА ЗА ЖИВОТНИ под итно бидејќи насилството врз животните најчесто е само претходница на насилството врз луѓето, и ако не реагираме, насилниците ги охрабруваме и ги стимулираме на нареден чекор.

Почитувани, нашата цел е заеднички да воспоставиме нови облици на однесување и инсистираме на хуманост (наместо на силеџиство), нешто што ќе не дефинира како нација и конечно го обели образот на македонскиот граѓанин во Европа и светот, каде сме препознаени како држава во која насилството поминува молкум и толерира.
Изговори повеќе не смее да има – ги повикуваме и очекуваме сите во недела.

Поврзани новости