Во Грција целосно вакцинирано 54,5 отсто од населението

by fokus

Грција денеска надмина 11.350.000 аплицирани дози од вакцината, а над 5,7 милиони граѓани или 54,5 отсто од општото население, односно 63,6 проценти од полнолетната популација се целосно вакцинирани, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на редовната прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Една доза од вакцината примиле над шест милиони граѓани, што е 57,3 проценти од општото или 66,5 од полнолетното население.

Во однос на старосните групи, кај полнолетното население, најголем е процентот на вакцинирани (84,8 отсто) на возраст меѓу 75 и 79 години, а најмал е кај граѓаните од 18 до 24 години и изнесува 42,7 проценти.

Во однос на ситуацијата со Ковид-19, според денешните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите 24 часа, регистрирани се 2.343 нови случаи, починаа 19 лица, а 338 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега, од кои 91,42 отсто се невакцинирани или се дел се делумно вакцинирани, а само 8,58 проценти се целосно имунизирани.

Од почетокот на пандемијата, во земјата има вкупно 583.658 случаи на Ковид-19, а починаа  13.656 лица.

Поврзани новости