Во градинките ќе се учи како се сади здрава храна

by Фокус 16:37
16:37

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, и градоначалникот на Кисела Вода, Биљана Беличанец – Алексиќ,  денеска ја посетија детската градинка „8-ми Март“ во општина Кисела Вода, каде децата заедно со своите воспитувачки и негувателки имаат засадено разни видови зеленчук во својата градина „Тиквичка“, како дел од активностите за подигнување на свеста за здравата исхрана.

– Преку програмата за едукација на децата во процесот на предучилишно воспитување сакаме да ги едуцираме за значењето и влијанието на здравиот начин на исхрана, за значењето на овошјето и зеленчукот. Притоа преку еден координиран пристап во детските градинки започнавме со процес на создавање градини во градинки преку кои децата можат да се едуцираат за начинот на кој се садат зеленчукот и овошјето, но и за хранливите состојки, и да стекнат здрави навики со што во иднина ќе се влијае на создавањето здрави навики за живот на секое дете – рече министерот Спасов.

Тој додаде дека на ваков начин Министерството во соработка со единиците на локалната самоуправа и детските градинки во Македонија се вклучува во владината кампања „Здравјето е избор“.

- Advertising -

– Преку еден систематски координиран пристап во соработка со повеќе институции сакаме на повеќе начини да влијаеме на подигнувањето на квалитетот на храната во детските градинки преку задолжително воведување овошје и зеленчук, замена на маргаринот со путер, белиот со кафеав шекер – потенцира Спасов.

Поврзани новости