Груевски не отстапува од идејата за екстерното кај студентите

by Фокус

Надворешна проверка на знаењето на студентите ќе има, а ќе се разговара за моделот на тестирањето. Министерството за образование и наука (МОН) неодамна ја најави новината во високото образование –  државен испит за студентите по втора и по четврта година, а денеска тоа го потврди и премиерот Никола Груевски.

Она што МОН го најави како државен испит во високото образование, а во медиумите често се спомнува како екстерно, го применуваат повеќе земји, рече Груевски, наведувајќи ги како примери Данска, Британија, Австралија, каде што се спроведува екстерна евалуација, или  државен испит каков што има во земјите од Вишеградската група.

– Во овој момент размислуваме повеќе за државен испит, но се уште сме отворени да ги слушнеме размислувањата на сите кои имаат интерес да се вклучат во јавна дебата. Решението не е конечно, но дефинитивно е дека нешто мора да се промени, затоа што имаме факултети, па и цели универзитети каде проодноста на студентите е без знаење или без доволно знаење, каде што се ставаат деветки и десетки на секој, независно кој колку научил. Тоа е нездраво за едно општество. Тоа е правење штета на самите студенти. Тие стануваат, на некој начин, инвалиди во своето знаење – изјави премиерот Груевски по промоцијата на нови преведени стручни наслови.

Поврзани новости