Во Германија само 5,1 % од граѓаните се невработени

by fokus

Бројот на невработени во Германија достигна најниско ниво од 1991 година, а стапката на невработеност падна на 5,1 отсто, се вели во Федералната агенција за вработување во Нирнберг.

“И покрај ослабениот раст, пазарот на трудот продолжува да се развива во позитивна насока”, рече шефот на Федералната агенција за вработување, Детлеф Шеле, кога ги презентираше најновите статистички податоци за невработеноста за март.

Споредено со февруари, во март се регистрирани 72.000 невработени помалку, а во споредба со март минатата година, Германија има 157.000 помалку лица без работа.

Пролетното заживување на пазарот на труд оваа година е поради невообичаено високите температури и доброто време, а особено влијаеше на растот на вработеноста во секторите градежништво, земјоделство и угостителство.

Шефот на Федералната агенција истакна дека зголемувањето на бројот на вработени со полно работно време е повисоко за повеќе од 660.000 во споредба со претходната година.

Најзастапени работни места се забележани во градежништвото, јавната администрација, малопродажбата и здравството.

Поврзани новости