491
Во Германија од 1 мај заразените со Ковид-19 нема да одат во изолација. Карантинот ќе биде само на доброволна основа, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах.
Тој додаде дека Министерството за здравство на заразените лица ќе им издаде само препорака да бидат во изолација пет дена.
Додека за медицинските работници ќе важат правила за карантин односно тие ќе мора да се во карантин и по пет дена да се тестираат.