Во Франкфурт слета авион со стотина Германици од кинескиот град Вухан

by fokus

Авион со 100 германски државјани слета на аеродромот во Франкфурт од Вухан, кинескиот град каде се појави епидемијата на новиот вирус.

Во авионот биле 102 Германци и 26 странски државјани.

Патниците ќе мораат да пројдат лекарска контрола на самиот аеродром по што ќе бидат однесени во воена база каде ќе бидат две недели во карантин.

Германските власти пред слетувањето на авионот навеле дека никој од патниците нема симптоми на болсета. Во Германија се регистрирани седум случаи на инфекцијата на коронавирусот.

Според последниот биланс, во Кина од вирусот починаа 259 луѓе.

Поврзани новости