Семејството од „Медена земја“ бара помош од хуманите граѓани

by fokus
Семејството на Љутфије Сам кое се појавува во документарниот филм „Медена земја“, бара помош за осумте деца од кои најмалото има една година.
Семејството го посетило екипата на ТВ 21, од каде што информираат дека во старата куќа нема основни услови за живот, а децата немаат каде да се бањаат. Единствен приход им е продажбата на мед, а добронамерни луѓе помагаат колку што можат со добротворен прилог.
Од државата добиваат помош од мерката за трето дете. Десет-членото семејство бара од хуманите лица да им помогнат со храна и облека.

Поврзани новости