Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, соопшти Министерството за здравство откако утрово министерот, Венко Филипче во телефонски разговор со висок претставник од Фајзер го дефинирал договорот со компанијата.
-Република Северена Македонија, ќе добие 800 000 вакцини против Ковид 19, од производителот Фајзер. Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди. Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, а истите во нашата земја ќе пристигна месецов. Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер, соопштуваат од Министерството за здравство.