Нови земјотреси го погодија хрватскиот град Петриња

by fokus 08:49
08:49

Нови земјотреси со јачина од 3,5 и 4,2 степени по Рихтер утрово го погодија хрватскиот град Петриња и околината. Послабиот земјотрес е регистриран во 4.20 часот утрово на два километра североисточно од Петриња, додека во 7.50 часот е регистриран посилниот земјоттрес од 4,2 степени. Последниот земјотрес се почувствувал и во Загреб.

Синоќа Сеизмолошката служба соопшти дека во текот на вчерашниот ден до 20.40 часот биле регистрирани 46 земјотреси на подрачјето на Петриња. Во силниот земјотрес со јачина од од над 6 степени што го погоди Петриња беше разрушен речиси цел град, имаше и загинати и многу повредени.

- Advertisements -

Поврзани новости