Во државните лаборатории вчера биле направени повеќе од половина од тестовите за ковид

by Фокус
Сите државни лаборатории располагаат со доволен број тестови за Ковид-19, а значително се зголемени и капацитетите на државните лаборатории кои вршат тестирање за Sars Cov-2, Ковид-19, информира Министерството за здравство (МЗ).
„Во вчерашната статистика, од вкупно направени 3.294 тестирања, во државните лаборатории беа направени скоро 1.800 теста, од кои само 1.310 во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, каде деновиве речиси двојно е зголемен капацитетот“, велат од МЗ.
Од таму потсетуваат дека од почетокот на минатата недела во Институтот за јавно здравје функционира уште едно приемно одделение со лаборант и администратор, со што, како што истакнуваат, значително се забрза процедурата за земање брисеви.

Поврзани новости