613
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конфренција информираше дега досега нема лица заболени од корона вирус од оние кои се сместени во објетктите за државен карантин.
-Ова се времиња и ситуации во кои не треба никој да биде стигматизиран. Ниту заболените, а најмалку луѓето кои се во карантин. Тие луѓе се здрави, а тоа е модел што не штити сите нас. Тоа е модел што мораме да го поддржиме. Тие луѓе се сместени во сосема добри услови . Тие се прегледани од интернист и инфектолог и досега нема ниту еден заболен од ковид-19“. Има четири или пет лица, кои имаа настинка и се тестирани на коронавирус, ама се негативни, рече Филипче.