Полицискиот синдикат го честиташе денот на формирањето на Агенцијата за разузнавање

by fokus 15:38
15:38

Македонскиот полициски синдикат на сите свои членови и воопшто на сите вработени во Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија денеска им го честиташе денот на формирањето на Агенцијата, посакувајќи им искрени честитки за добро здравјеи професионални успеси.

-Почитувани, денес во време на криза кога Македонскиот полициски синдикат преку активностите кои ги покажува на терен израснува во синдикат лидер во синдикалното движење не само на национално туку и на регионално и меѓународно ниво,членовите на МПС од редовите на Агенцијата за разузнавање се значаен и конструктивен дел од тие активности. Почитувани на крајот сакаме да се заблагодариме на бројни наши членови кои доаѓаат од редовите на Агенцијата за разузнавање, кои со својот личниот придонес и ангажман оставиле печат при развојот на Македонскиот полициски синдикат и истите се пример за генерациите кои доаѓаат, за тоа како треба еден синдикален член да придонесува во борбата за остварување на подобри права на вработените, велат од Македонскиот полициски синдикат.

- Advertisements -

Поврзани новости