Најмалку 26 лица загинаа откако минибус се запали по катастрофален судар со камион во Мексико.
Според локалните медиуми, во автобусот имало неколку деца и бебиња кога се случила страшната несреќа, пренесува „Метро“.
Возилата се судриле на патот меѓу градовите Сарагоса и Идалго. Фотографиите што ги споделија властите покажуваат дека патничко комбе е речиси целосно уништено од пожарот, додека камионот исто така изгорел.
Надлежните утврдиле дека камионот што ја превезувал приколката не бил на местото на несреќата. Извор од обвинителството велат дека иследниците не се сигурни дали возачот на камионот побегнал или и тој загинал во несреќата.
Сите жртви можеби биле членови на едно семејство кое изнајмило комбе за да се вози до северниот град Монтереј во Веракруз, објавија локалните медиуми.
Се верува дека сите тие се Мексиканци, бидејќи на местото на настанот биле пронајдени национални лични карти, пишува Сан.
#Tamaulipas Fatal accidente entre un tráiler y un vehículo tipo van, dejó un saldo de 13 muertos en el kilómetro 80 de la carretera 83 del tramo carretero #Hidalgo – #Zaragoza.#QEPD#FelizDomingo pic.twitter.com/Xl3B2sBZMJ
— El Expreso Noticias (@ExpresoNoticia) May 14, 2023