СДСМ со предлози за решавање на проблемите на земјоделците

by Фокус

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, на тематка конференција „Состојбите во земјоделството – како понатаму“ предложи неколку решенија на актуелните лоши состојби во земјоделството.

СДСМ смета дека македонското земјоделство треба да ги користи искуствата на успешните европски земјоделски политики, прилагодени кон спецификите во Македонија и да се градат системски земјоделски политики што можат да дадат резултати во развојот на аграрот и враќање на достоинството на земјоделецот во Македонија.

Секое покрупно решение во земјоделството треба да биде дел на интегрираната економска политика на власт што ќе биде посветена на решавање на лошите состојби, а не на генерирање проблеми од популистички побуди, каков што е случајот последниве години во Македонија.

На конференцијата, како што соопшти СДСМ, се разговарало за клучни проблеми во земјоделството – неправедната распределба на државното земјоделско земјиште, за слабиот откуп на земјоделските производи, за користењето на субвенциите како уценувачки механизам иако тие им се загарантирани со закон на земјоделците, штетите од нередовната исплата, целосната зависност на земјоделците од државата – состојба во којашто се свесно ставени.

Анализирани биле и лошите резултати во растителното и сточарското производство, проблемите со наводнувањето, бројните проблеми во шумарството.

Како посебен проблем било потенцирана неискористеноста на европските фондови во земјоделството, како и дисфункционалноста помеѓу примарното земјоделство и преработувачката индустрија.

Поврзани новости