Врз основа на заклучокот на дебарскиот Оперативен штаб почна дезинфекција на главната и пофрекфентните улици, како и јавни површини во градот.
Ова, откако Штабот на вчерашната попладневна средба епидемиолошката состојба со коронавирусот ја оцени како многу критична, со секојдневно ширење на инфекцијата со опасниот вирус.
-Во раните утрински часови екипи на нашето претпријатие и на Територијалната противпожарна единица, извршија дезинфекција почнувајќи од влезовите на градот, главната и сите пофрекфентни улици, како и на јавни површини. Тоа,како што одлучи Штабот, ќе го правиме двапати неделно во текот на еден месец, изјави за МИА, Омер Цами член на Оператвниот штаб и раководител на секторот на комунална хигиена во Јавното комунално претпријатие „Стандард“.