Во Дебар Маало брзината на движење на возилата се ограничува на 30 км/ч

by Фокус

Општина Центар почнува со спроведување на проектот „Зона на мирен сообраќај“, поточно во цело Дебар Маало брзината на движење на возилата ќе се ограничи на  максимум 30 км/ч, информираат од општина Центар.

-Зачестените сообраќајни несреќи, густиот сообраќај, постоење на основно училиште, безбедноста на граѓаните, беа причините, градоначалникот Андреј Жерновски да предложи, воведување на популарно наречената „Зона 30“. Со добивањето на Решението, Центар е првата општина во Република Македонија, која воведува ваква мерка, која е и препорака од Европската унија, се вели во соопштението на општината.

 

 

Поврзани новости