Во четврток ќе биде објавена пресудата за „Диво Насеље“

by fokus

Во четврток, во 10.30 часот, Кривичниот суд треба да ја објави пресудата за случајот „Диво Насеље“.

По барање на Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност, Основниот суд Скопје 1 објавувањето на пресудата веќе еднаш го одложи, бидејќи полициските сили биле ангажирани за одржување на редот и мирот за време на Локалните избори.

За овој судски потрес се потрошени околу три милиони евра, бидејќи за оддржување на едно рочиште се трошеа по 50.000 евра за ангажирање на бројни полициски екипи и хеликоптер.

Овој судски процес започна на 9 февруари годинава, кога на обвинителна клупа седнаа обвинетите за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај во Диво Насеље во Куманово.

 

Поврзани новости