Шестмина малолетници украле десетина скутери во вредност од речиси милион денари

by fokus

Шестмина малолетници од кои двајца имале само 13 години, по еден 15-годишен и 16-годишен како и уште двајца 17-годишни, украле десетина скутери на територијата на Битола. Од МВР информираат дека малолетниците се осомничени за четиринаесет кривични дела “кражба“, и “тешка кражба“.

-Имено, пријавените во 14 наврати, односно случаи, при тоа во различен состав од лица, во периодот од 11.04 до 14.08. годинава низ повеќе локации во Битола – централното градско подрачје, населба Нова Битола, на влезот во Битола, од пред куќи, визби, влезови на згради, одземале разни марки моторцикли-скутери: “ЈИЈИНГ“, “Априлија СР50“, “Гарели“,“Yamaha“ YZ450, велосипед марка Specialized, сопственост на граѓани од Битола. Кражбите ги вршеле групно на начин што со употреба на погоден алат ја отстранувале препреката, доаѓале до моторциклите и со туркање ги одземале истите. Пријавените со превземените дејствија предизвикале вкупна материјална штета од 904.000 денари, информираат од МВР.

Поврзани новости